Интернационална научна конференција
„Нови насоки и предизвици на општествената трансформација преку мултидисциплинарен пристап“
5-ти до 6-ти јуни 2017
МИТ Универзитет, Скопје, Република Македонија
За конференцијата
ПРВ ПОВИК ЗА АПСТРАКТИ
Почитувани,
Стремејќи се кон престиж во високото образование, во последните осум години МИТ Универзитет Скопје е посветен на континуирано подобрување и инвестирање како во образовниот процес  така и во науката. Поради тоа, со голема чест сакаме да Ве поканиме да земете учество на престојната
Интернационална научна конференција
„Нови насоки и предизвици на општествената трансформација преку мултидисциплинарен пристап“
5-ти до 6-ти јуни 2017
МИТ Универзитет, Скопје, Република Македонија
Главна цел на Интернационалната научна конференција „Нови насоки и предизвици на општествената трансформација преку мултидисциплинарен пристап“ е да испорача инспиративни визии и перспективи за општествата кои поминуваат низ трансформација, кои ќе произлезат од научно – истражувачката работа и плодна дискусија. На едно место своите сили ќе ги здружат различни профили на научни работници, експерти, истражувачи, професори, студенти и креатори на политиките, со намера да придонесат кон развој на науката.    
Веруваме дека Интернационалната научна конференција „Нови насоки и предизвици на општествената трансформација преку мултидисциплинарен пристап“ ќе биде уникатно тркало на прогресот во сите сфери, управувано од продлабочено спознавање на реалните проблеми преку мултидисциплинарен пристап кој ќе ги опфати следните научни области:
- Математика и природнинауки
- Техничко-технолошкинауки
- Медицина и здравство
- Биотехничкинауки
- Општествени и хуманистичкинауки
Доколку имате прашања Ве молиме да не се двоумите и да нé контактирате. 
Срдечно,
Организациски комитет


МИТ УНИВЕРЗИТЕТ 
СКОПЈЕ
Интернационална научна конференција
„НОВИ НАСОКИ И ПРЕДИЗВИЦИ НА ОПШТЕСТВЕНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА ПРЕКУ МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП“
5-ти до 6-ти јуни 2017
МИТ Универзитет, Скопје, Република Македонија

(C) 2017 MIT University Skopje